Шефот на кинеската дипломатија изрази почит за здравствените работници во светот

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изрази голема почит за здравствените работници ширум светот кои се борат против Ковид-19 и изрази длабоко жалење за животите загубени во пандемијата на коронавирус.

Ванг ова го изјави на прес-конференцијата на маргините на годишната национална законодавна сесија – Третата сесија на 13-от Национален народен конгрес што сега се одржува во Пекинг. Тој ги брифира медиумите за приоритетите на надворешната политика на Кина во 2020 година и одговара на прашања од новинари од целиот свет.

Ванг, исто така, им се заблагодари на владите и народите во светот кои имале разбирање, грижа и дале помош на Кина во однос на избивањето на коронавирусот.

„Вирусот не може да го победи човештвото, на крајот ќе преовладаме. Ќе мине најмрачниот час, рече Ванг на прес-конференцијата“, која е во тек.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски