Германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека мерките воведени за време на пандемијата на коронавирус ги ограничиле основните и демократските права на граѓаните, но истовремено истакна дека тие биле нужни во вакви околности.
Конзервативната политичарка рече во својот неделен говор пред нацијата, објавен вчера по повод Денот на германскиот Устав, рече дека може да ги разбере загриженоста на граѓаните за ограничувањата воведени поради пандемијата.
Владата не пристапи лесно кон ограничувањето на основните права и „затоа мора да бидат што е можно пократки“, рече Меркел. „Но, тие беа неопходни и ние секогаш ги оправдувавме затоа што се чувствуваме одговорни за достоинството на луѓето, како што е наведено во член 1 од нашиот Темелен закон“.
Тоа вклучува напори да се спречи нашиот здравствен систем да биде преплавен со пациентите „и тоа, за среќа, е постигнато“, рече германската канцеларка. Но, сега кога ограничувањата се укинуваат, ние секако треба да оправдаме зошто сè уште не ублажуваме нешто додека можеме да олесниме нешто друго. И, се разбира, секогаш треба да процениме на овој начин колку се сразмерни мерките, рече таа.
Меркел рече дека пандемијата на коронавирус ставиле посебни предизвици за општеството, можеби најголеми од донесувањето на Темелниот закон, германскиот устав, на 23.05.1949 година и дека е поважно од кога било да се почитуваат неговите темелни принципи.
За вчера, во голем број германски градови, беа планирани протести против мерките воведени од Владата, но одзивот беше значително помал од очекуваниот, јави новинската агенција ДПА. Но и за денеска е закажан протест, откако судот ја поништи забраната за крјанодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) да одржи свој собир. Во изминатите викенди илјадници Германци протестираа против мерките, тврдејќи дека им биле нарушени основните права, но имаше и собири насочени против теоретичарите на завери или „десничарското агитирање“.