Новинарот од Варна Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во канал близу Аспарухово, додека работел на сторија за еколошкото загадување на крајбрежјето.
Александров, како што пренесуваат бугарските медиуми, со себе го носел својот лаптоп.
Бугарското обвинителство отворило истрага за да се утврдат причините за смртта.
Од Министерството за внатрешни работи изјавиле дека според првичните информации, немало траги на насилство.
Александров работел како новинар во радио „Дарик“, Топ Њуз, а бил дописник и за бТВ и за Нова ТВ.
„Неуморен, искрен и бескомпромисен во однос на неправдите и злоупотребите на моќта“, пишуваат новинарите, збогувајќи се од својот колега.
Во последниов период актуелна е темата во бугарските медиуми за еколошката катастрофа во езерото во Варна, поради отпадните води. Тони од мртви риби беа пронајдени на крајбрежјето пред само неколку дена, без да се утврдат точните причини.