(ВИДЕО) Шахпаска: Заради здравството и заради здравјето на граѓаните изборите се решение!

Од:

Носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3, Јагода Шахпаска од пресконференцијата рече: „ Во клучни моменти, македонското здравство покажа дека има капацитет навремено и ефикасно да се справи со заканите од глобалната пандемија со коронавирусот. Навремените реакции и соодветниот системски пристап допринесе епидемијата да биде ставена под контрола.

Шахпаска искажа благодарност за сиот труд пожртвуваност спрема здравствените работници кои несебично се вложија изминатиов период, исто така таа се заблагодари и на граѓаните кои ги почитуваа мерките за заштита и допринесоа со своите совесни постапки.

Оваа криза покажа дека здравството е еден од основните општествени столбови. И секој влог во него е влог за сите нас. Се наоѓаме во крајно комплицирана состојба, без Собрание и со техничка Влада која имаше мандат само за организирање избори.

Во однос на пандемијата таа додаде дека Светската здравствена организација предупредува дека постои ризик од втор бран на вирусот наесен, заедно со сезонскиот грип.

„Заради здравството и заради здравјето на граѓаните изборите се решение! Нашата татковина мора подготвено и со 100% капацитет да го дочека септември. Да бидеме целосно спремни за уште поефикасно справување со очекуваниот нов бран на вирусот. Предлозите за избори токму во пресрет на новиот бран, наесен, се неодговорни и на директна штета на здравјето на луѓето. Функционалните институции се неопходни и за здравјето и справување со новиот бран на вирусот, но и за рестарт на економијата“, рече таа.

Според неа, на државата и е потребен функционален демократски институционален систем и целосни економски механизми за зголемување на потрошувачката на граѓаните и за развој на македонското стопанство.

„Опструкциите и блокадите на опозициските функционери во техничката Влада се потврда дека личните агенди и теснопартиските интереси на Мицкоски за нив се поважни од заштита на здравјето на граѓаните и економските мерки наменети за граѓаните и компаниите. Таква деструктивност е недозволива! Нема да дозволиме да се наштети на интересите на граѓаните и државата. Време е за избори, за заштита на здравјето на граѓаните, за економијата и демократските институции“, додаде Шахпаска.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата