Редици луѓе уште во 9.15 часот чекаа утринава пред големите маркети во Скопје, непосредно пред почетокот на 42-часовниот карантин што го прогласи Владата вчера попладнето, за празниците Рамазан Бајрам и за Свети Кирил и Методиј.
Со оглед на тоа што одлуката беше донесена околу 18 часот вчера, а маркетите веќе беа затворени, метежот за пазарување почна да се создава утринава уште пред отворањето на продавниците.
Полицискиот час ќе започне од утре од 11 часот и ќе трае до вторник, 26 мај, до 05 часот.
Денеска забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.