Индонезија: Потона брод со 50-тина патници

Од:

Две лица починаа и неколку десетини се водат како исчезнати по потонување на брод со околу 50 патника, кој пловел низ водите на реката Махакам во централна Индонезија.

Според официјалните лица, 11 патници се спасени, откако бродот потона во реката Махакам во источен Калимантан, но се пронајдени тела на две жени, пренесе „Франс прес“.

Спасувањето оди отежнато поради силниот ветар и водените струи.

Бродовите се единственото транспортно средство во Индонезија, најголемиот архипелаг на светот, поради што често се пренатрупани и се во лоша состојба.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога