А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР: Неточни и паушални се тврдењата на ИВЗ околу наводниот полициски притисок

by А1он22/05/2020 - 14:37471
Share0

Министерството за внатрешни работи, категорично ги отфрла како паушални и неточни изесените тврдења во денешната реакција на Исламската верска заедница околу наводен полициски притисок врз претставниците на оваа верска заедница, а по повод чествувањето на претстојниот верски празник Фитр Бајрам, соопштија од МВР.

Добивај вести на вибер

Од МВР истакнуваат дека полицијата ниту има надлежност ниту пак се обидувало да наметне влјание врз верски старешини во верски установи, туку своето работење го темели исклучиво врз пропишаните законски норми и Уставот. Дополнително во соопштението на полицијата се вели дека јавноста веќе знае дека во рамки на низата законски надлежности и активности на министерството влегува и превентивното делување во различни области од значење за сите граѓани на државно и на локално ниво.

– Во актуелниот момент на вонредна состојба на ниво на целава земја предизвикана од пандемијата со корона вирусот (“ковид 19“), Министерството за внатрешни работи покрај постапување во делот на почитувањето на донесените владини мерки, уредби и препораки за заштита на здравјето и животот на сите граѓанина нашата држава,особено внимание посветува и на превентивното делување, инфомираат од МВР.

Свесни за потребата од заедничко делување заради надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните, со посебно внимание работиме на интензивирање на соработката со верските заедници со цел засилено превентивно делување особено во пресрет на претстојните државни и верски празници. И во оваа ситуација станува збор за редовна полициска активност со цел доследно спроведување на мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, велат од МВР.

Се потенцира дека полициските службеници секојдневно работат и во делот на превенција информирање и едукација, а во насока на заедничко надминување на опасностите од пандемијата и зачувување на здравјето на граѓаните.

-Таквото полициско делување пред се на локално ниво, во локалните заедници, било и ќе биде наша редовна и секојдневна обврска, а во рамки на концептот на полицијата како сервис на граѓаните, граден децении наназад со нашите партнери од ОБСЕ и ЕУ, велат од МВР.

МВР уште еднаш потенцира дека ќе остане доследно во исполнувањето на сите свои законски обврски и задачи чија што единствена цел, преку бескомпромисно спроведување на законите, е заштитата, личната сигурност и безбедност на сите наши граѓани, токму онака како што меѓу другото, налага и Уставот на нашата земја.

ivzmvr

Би можело да ве интересира

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он25/04/2026 - 21:51

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Горан Наумовски23/04/2026 - 21:56

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски23/04/2026 - 20:2123/04/2026 - 20:23

МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

А1он22/04/2026 - 16:3622/04/2026 - 16:37

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто