Исхраната богата со масти и шеќери го скратува животот во многу поголема мерка отколку што досега било познато, открива тим на британски научници.
Истражување спроведено меѓу 5.000 државни службеници потврдува дека луѓето кои јадат претежно пржено и слатко, колбаси и црвено месо, бел леб, путер и павлака се изложени на два пати поголем ризик од предвремена смрт или влошување на здравјето во подоцнежната возраст.
Истражувањето ги потврди тврдењата дека „западниот начин на исхрана“ е причина за смрт на 94.000 луѓе кои умираат од срцеви заболувања во Велика Британија. Резултатите од истражувањето се базираат на истражувањето на Британците и покажуваат дека придржувањето кон западниот тип на исхрана значително повеќе од она што се претпоставуваше досега го зголемува ризикот од предвремена смрт.
Научниците испитувале 3.775 мажи и 1.575 жени на средна возраст од 51 година во периодот од 1986 до 2009 година.