Општествено одговорни компании донираа 85 неинвазивни респиратори

Од:

Донација од 85 неинвазивни респиратори наменети за инфективните одделенија во болниците во државата денеска предадоа неколку домашни општествено одговорни компании на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Министерот за здравство, по примпредавањето, изрази голема благодарност до компаниите Мега, Голден арт, Акустик и Гримак за многу значајната донација за нашиот јавно здравствен систем, особено што имаме заболени пациенти со ковид на кои им е потребна респираторна поддршка.

– Денеска е навистина тешко да се стигне до вакви респираторни машини. Станува збор за 85 машини за неинвазивна вентилација, што значи пациентите имаат поддршка на дишење само преку маска, без инванзиниот тубус во нивните дишни патишта и дополнителни 24 концентратори на кислород со што смесата на воздух што се дава се збогатува со соодветна концентрација на кислород, изјави Филипче.

Има сосема доволен број, рече Филипче, да бидат дистрибуирани и во главните наши центри и на сите инфективни одделенија низ државата.

Премиерот Оливер Спасовски, изрази благодарност до овие општествено одговорни компании кои обезбедија донација од 85 неинвазивни респиратори и 24 други апарати концентратори на кислодор со што, како што рече, покажале дека таа солидарност што треба да ја имаме е силна порака за сите како треба да постапуваме.

– Ова време на пандемија не научи нешто. Ако во нормални услови се создаваат услови за правење бизнис во една држава, во време на криза е потребно сите да дадеме нешто од себе и помогнеме. Тоа е предизвик за сите и ова што го направија компаниите е пример како треба да се однесуваме сите и компаниите и државата, изјави Спасовски.

Ковид кризата, нагласи тој, не научи дека само со пожртвуваност, како што тоа го прават здравствените работници и со солидарност, како што го прават комапниите, можеме да успееме.

Спасовски, уште еднаш, упати апел до сите да помогнеме на медицинскиот персонал со тоа што ќе се придржуваме до мерките и на тој начин да ја добиеме битката.

Вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи, рече дека пандемијата покажала дека сите поделби во светот се вештачки, дека сите сме исти пред вирусот и дека сме еднакво изложени, но исто така, извадила на површина и заедничка солидарност на државите и општествено одговорните компании.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска