(ВИДЕО) Митрески: Избори во првиот можен рок заради заштита на здравјето на граѓаните

Од:

„Веќе ја живееме новата нормалност, свесни дека коронавирусот нема да исчезне.

Да се зачува здравјето на граѓаните, да заживее и да се развива новата економија, да се обезбедат функционални институции, треба да биде врвен приоритет на сите политички чинители во државата.

Во момент кога анализите на комисијата за заразни болести и на Светската здравствена организација, алармираат на нов пик на коронавирусот со кој би се соочиле наесен, треба да биде одговорност за сите партии, навремено да се воспостави стабилен целокупен политички систем, кој на здрави нозе, со целосно функционални институции, ќе го дочека новит бран на коронавирусот“, рече Јован Митрески, кандидат за пратеник на СДСМ од ИЕ 5.

„Избори треба да се одржат што поскоро, согласно сите заштитни протоколи, додека состојбата со COVID 19, може да се контролира.

Односно, додека границите се затворени, како и градинките и училиштата, со што значително се превенира внесување на вирусот во државата и негово ширење.

Тоа е одговорно од аспект на заштита на здравјето на граѓаните, за рестарт на економијата, функционални демократски институции и целосна подготвеност за справување со последиците од Ковид и за очекуваниот нов пик на есен.

Како што ја креваме економијата, да не дозволиме повторно удар врз стопанството наесен.

СДСМ е одговорна партија, ние сакавме компромис и затоа учествувавме на лидерските средби.

Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните.

Договор е можен се додека трае вонредната состојба. Ако нема договор по сила на закон датумот за избори води на 21 јуни.

Мора да водиме грижа за сите аспекти, пред се здравјето на граѓаните, економијата и целосно функционални институции. Не смееме да и нанесеме штета на државата, на здравјето на граѓаните ниту пак да ја доведеме земјата во уставна криза“, изјави Јован Митрески, кандидат за пратеник на СДСМ од ИЕ 5.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата