СДСМ: Заради очекуваниот нов пик наесен од коронавирусот и заштита на граѓаните, избори во прв можен рок

Од:

„Социјадемократскиот сојуз на Македонија е одговорна и државотворна партија која била и останува на страната на интересите на граѓаните и државата.

Потребни се избори во привиот можен рок, заради заштита на здравјето на граѓаните и подготовки за новиот пик од коронавирусот наесен, за побрзо опоравување и трансформирање на македонската економија и повторно ставање во функција на институциите кои се клучни за нормално функционирање на системот. Со нов легитимитет од граѓаните, политичка Влада и Собрание“, велат од СДСМ.

„Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да се воведе во уставна криза. СДСМ тоа нема да го дозволи.

СДСМ е одговорна партија, ние сакавме компромис и затоа и учествуваме на лидерските средби. Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор е можен се додека трае вонредната состојба. Ако нема договор по сила на закон датумот за избори води на 21 јуни“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски