Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење Министерството за внатрешни работи евидентирало дека на ниво на целата држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице МВР регистрирало 113 прекршоци. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 85 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.