СДСМ: Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирусот, заеднички да им помогне на здравствените работници

Од:

„Македонското здравство реагираше навремено и добро се справи со пандемијата со коронавирусот. Состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола.

Бројот на активни случаи е стабилизиран. Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова.

Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем“, велат од СДСМ.

„Но, вирусот е тука, вирусот нема да исчезне, ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или не се пронајде вакцина.

Тоа значи дека сите ние мора да се навикнеме на новата реалност, на новото нормално.

Треба да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме и затоа е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита.

За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, многу е важно:

– да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме;

– да носиме заштитна опрема секогаш на затворено и секогаш на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата и

– редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете со сапун.

Секој од нас треба да им помогне на здравствените работници со почитување на мерките за заштита, секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

Со тоа ќе помогнеме и во подготовката за новиот пик на коронавирусот кој според препораките на СЗО се очекува после есента.

За да се намалуваат ограничувањата, ние мора да ја зголемиме внимателноста. Со почитување на мерките за заштита го чуваме личното здравје, здравјето на нашите деца, на нашите родители, баби и дедовци, здравјето на сите сограѓани“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он