Претседателот на Баерн Минхен – Карл-Хајнц Румениге, се надева дека Бундеслигата ќе послужи како пример за останатите првенства во однос на мерките преземени за продолжување на првенството по паузата поради пандемијата.
– Бевме први што започнавме и се надевам дека ова ќе послужи како пример за другите земји. „Држам палци“ и за фудбалот во Италија, затоа што тоа е важно, рече Румениге за „Газета дело Спорт“.
Бундеслигата беше обновена минатиот викенд пред празни трибини и под строги хигиенски правила.
– Ако играчите се одговорни и дисциплинирани, ние имаме шанса да ја завршиме сезоната, додаде 64-годишниот Румениге.