Руската војска испратена во рудник за злато во Сибир, каде има ново жариште на Ковид-19

Од:

Руска војска е испратена во Сибир за да го запре ширењето на новиот коронавирус во жариштето кое се појави во најголемиот рудник за злато во земјата, каде што, според првичните тестови, заразени се најмалку 400 работници.

Министерството за одбрана на Русија објави дека поставувањето на шаторски камп за сместување до 2.000 вработени во четиринаесетдневната карантин во рудникот Олимпијада, во регионот Краснојарск во источен Сибир, е при крај.

Кампот во селото, во центарот на тајгата, треба да прифати вработени кои биле во контакт со лица позитивни на вирусот или кои биле во зоната на ризик, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он