• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Дома за утринска молитва, во џамија за Рамазан Бајрам, одлучи ИВЗ

by А1он21/05/2020 - 13:1921/05/2020 - 13:34846
Share0

Ријасетот на Исламската Верска Заедница поради обавувањето на намазот на Фитр Бајрам, донесе низа мерки, што треба да се спроведат во секоја џамија на 24 мај, пишува на својот фејсбук профил Реис-ул-Улема на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Добивај вести на вибер

Во образложение на одлуките донесени денеска реисот Реџепи, пишува дека “сабах намазот (утринската молитва) е одлучено верниците да ја обавуваат дома, односно апелира повеќе да се користат дворовите на џамиите за обавување на молитвите. Дел од мерките што ќе треба верниците од исламска вероисповед да ги почитува во тек на молитвата за Рамазан Бајрам, ИВЗ ги има донесено и на 7 мај кога одлучи да ги отвори џамиите после две месеца пауза“.

– Обавувањето на намазот на Фитр Бајрам да не биде подолго од 15 минути, максимално да се избегнат поздравите со физички контакт, откажување од посета на гробишта, за време на Фитр Бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку, дезинфекција на џамии, задолжително носење маска, чистење раце со средство за дезинфекција при влезот во џамијата или да се носат ракавици, секој верник треба да има лично сеџаде, се вели во одлуката на ИВЗ.

Воедно од таму истакнуваа дека ​меѓу верниците треба да се запази физичката дистанца колку што е можно повеќе, односно е забранет престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамијата.

Поради сегашната состојба со коронавирус, Ријасетот на ИВЗ ја откажа организацијата на традиционалната централна манифестација по повод Фитр Бајрам.

ivzkoronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Горан Наумовски31/01/2024 - 15:16

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

Катерина Ѓуровски05/12/2023 - 14:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен