Филипче: На Институтот за трансфузиона медицина пуштен во употреба нов апарат за донирање на конвалесцентна плазма

Од:

Институтот за трансфузиона медицина, денеска пушти во употреба нов клеточен сепаратор за плазмаферза. Овој апарат, институтот го набави од сопствени средства и периодов ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма.

„Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со COVID-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити. Конвалесцентна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирусот. Со клеточниот сепаратор, значително ги зајакнуваме капацитетите на нашиот Институт“, истакна директорот на Инстутот за трансфузиона медицина, Седула Усеини.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, излекувани се пет пациенти со крвна плазма.

„Задоволен сум што целиот труд, мерки, грижа на здравјето на пациентите даваат резултати. Сите јавно-здравствени установи се на ниво на задачата. Покажавме стручност, спремност и мобилизираност за заштита од оваа непозната болест. Поради сето ова, не го оптеретивме нашиот здравствен систем. Имаме поголем број на излекувани пациенти, отколку на заразени. Да продолжиме да ги применуваме препораките. Голема благодарност до сите оздравени пациенти кои донираа крвна плазма. Упатувам апел до сите што можат да донираат да го сторат тоа. Да спасиме човечки живот и да ја надминеме оваа здравствена криза. Пациентите можат во секое време да го контактираат институтот за начинот на донирање“, потенцираше министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска