ВМРО-ДПМНЕ: Во изминатите 5 дена има 118 заболени и 14 починати, а Заев сака избори на кои наместо гласовите ќе се бројат заболени и починати

Од:

„Во Хрватска која има двојно повеќе жители од Република Македонија вчера беа регистирани само 2 случаи на новозаразени, a во Македонија 19.

Во Хрватска која има двојно повеќе жители вчера немаше ниту еден починат, а во Македонија 4.

Словенија пак има регистрирано само 1 заболен и еден починат од опасниот коронавирус.

Тоа е 20 пати повисок број на заболени, а Заев и Филипче тврдат дека сме безбедни и може да одиме на избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со планот на Заев за брзи избори тој уште еднаш ја потврди омразата кон сопствениот народ, народ кој го навредуваше и пцуеше, народ на кој му донесе само порази.

Заев сака избори на кои наместо гласовите ќе се бројат заболени и починати. состојбата во Македонија со коронавирусот од ден во ден се влошува, реалноста денес е полоша и од март кога впрочем беше прогласена вонредната состојба.

Состојбата е алармантна имајќи ги во предвид официјалните статистички податоци дека во изминатите 5 дена во Македонија се регистрирани 118 заболени, а починати се 14 лица. Уште повеќе загрижува е тоа што бројот на тестирани наместо од ден во ден да е се поголем тој се намалува.

Додека власта се фали со успешно справување со корона кризата во Македонија фактите говорат за тоа дека Македонија е на прво место во регионот по смртност на милион жители и по бројот на заразени, истовремено Македонија бележи најмал број на тестирани на милион жители.

Зоран Заев уште еднаш покажа и докажа дека политичката кариера му е поважна од здравјето на граѓаните, дури и по цена на човечки жртви.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи корона избори. цела Македонија го виде вистинското лице на Зоран Заев и казната од граѓаните ќе го стигне порано или подоцна.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: Георгиев и Мемети, кадрите на СДС и ДУИ во правосудството се дел од правосуден октопод

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ најавува нова Влада до средината на јуни

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти