Ирачката разузнавачка служба уапси лидер на ИД

Од:

Ирачката разузнавачка служба го уапси Абдулнасер Кирдаш, еден од лидерите на Исламска држава (ИД), кој важел за најсериозен кандидат за наследник на Абу Бакр ал Багдади на чело на џихадистичката група.

– Денеска е уапсен терористот Абдулнасер ал Кирдаш, кој требаше да го наследи криминалецот Ал Багдади на чело на ИД. Апсењето е извршено благодарејќи на прецизни разузнавачки податоци, се наведува во соопштението на ирачката Национална служба за безбедност.

Ал Кирдаш требало да го замени Ал Багдади, кој загина во акција на американските сили во сирискиот град Идлиб во октомври минатата година.

Апсењето на Ал Кирдаш е извршено само еден месец откако поранешниот шеф на ирачката разузнавачка служба Мустафа ал Кадими ја презеде премиерската функција во Ирак.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија