Во текот на погребната церемонија за поранешниот премиер на Велика Британија, Маргарет Тачер, денеска замолкнаа ѕвоната на кулата-часовник во Лондон, позната како Биг-Бен.
Камбаните на кулата се огласуваат на два пати во текот на шеесет минути, а го отчукува и секој час во текот на денот, што е долга традиција, уште откако е изградена кулата, во средината на 19 век.
Погребната церемонија со високи државни почести беше одржана во катедралата Сент Пол во Лондон, една недела по смртта на Тачер.