Поранешниот претседател на Полска и добитник на Нобелова награда за мир, Лех Валенса изјави дека Русија и Полска можат да ги подобрат односите ако седнат на преговарачката маса и започнат разговори за иднината, оставајќи го минатото на историчарите.
– Имаше добри и лоши работи во нашиот однос. Советската армија помогна во ослободувањето, поточно тоа беше војската која во суштина ја ослободи Полска од фашизмот. И за тоа, војниците заслужуваат вечна пофалба, истакна поранешниот полски претседател.
Валенса, кој е еден од основачите на синдикалното движење Солидарност, додаде дека им бил наметнат систем што не го сакале и што направил голема штета и нивни национални херои биле убиени.
Тој додаде дека прашањето е како да се одделат доброто, херојството на Советската армија и ослободувањето од подоцнежниот недостиг на слобода.
– Повеќето Полјаци сакаат промени. Ние сме поблиски до Москва отколку со Вашингтон. Но, високи лица треба да дадат предлог, истакна Валенса, нагласувајќи дека верува оти понудата да седнат на преговарачката маса треба да дојде од Русија.
Валенса изјави дека прави сè за да ги подобри студените односи меѓу двете земји.