Британски научник осуден за фалисификување на истражувачки резултати

Од:

Британскиот научник Стивен Итон е осуден денеска на три месеци затвор поради фалсификување на медицинските резултати, откако дал лажни податоци за истражувањето на кое работел.

Итон е првиот Британец кој е осуден врз одредбите на законот за безбедност во науката.

Стивен Итон (47) работел во лабораторијата на филијалата на американската компанија „Аптуит“ во Единбург. Инцидентот за кој е осиден се случил во 2009 година, кога научникот се обидувал да обезбеди повеќе пари за истражување на еден нов лек за заболени од рак, на кој работел.

Итон дал лажна информација за лекот, сметајќи дека со податоците што целосно ги измислил, ќе ги убеди луѓето во американската компанија да дозволат новиот препарат да се применува врз пациенти.

Во текот на судењето е обелоденето дека Итон ги преправил резултатите од експериментите што ги правел, прикажувајќи дека антиканцерогениот лек е добар и успешен како терапијата за болните.

Медицински експерти објаснуваат дека доколку не бил откриен фалсификатот на истражувањето, а лекот би им бил даван на болните од рак, тој би предизвикал здравствени проблеми за пацинетите.

Адвокатот на Итон на судењето изјави дека тој веќе се повлекол од истражувачката работа и никогаш повеќе нема да се занимава со науката за која е оспособен.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство