Турција воведе дополнителни царински тарифи на повеќе од 800 производи

Од:

Турција воведе дополнителни царински тарифи до 30 проценти за увоз на повеќе од 800 производи, вклучително и земјоделска машинерија.

Минатата недела, Анкара објави дополнителни царински тарифи за увоз на десетици производи, вклучувајќи машини за миење садови, замрзнувачи, накит, музички инструменти и санитарни производи.

До 30 септември, увозот на тие производи ќе има дополнителни царински давачки, со стапка до 30 отсто, а потоа и до 25 проценти.

Турција денеска најави дополнителни царински тарифи во висина до 30 отсто на увоз на некои градежни алати, некои челични и железни производи, резервни делови што се користат во автомобилскиот сектор, телевизори и широк спектар на други производи.

Новите тарифи, по септември може да се намалат до десет процентни поени и нема да важат за увозот од земји со кои Турција има договор за слободна трговија.

Владата на Турција може да ги искористи новите тарифи за да го спречи растот на дефицитот на тековната сметка.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски