ВМРО-ДПМНЕ: Неприфатлив е нискиот речник на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски кој праша зошто сеуште нема оставка и обвинение за градоначалникот на Старо Нагоричане кој уби човек.

„Министерството за внатрешни работи сосема совесно и во согласност со професионалните стандарди си ја заврши работата во однос на сообраќајната несреќа за која говореше Оливер Спасовски.

За еден ден по сообраќајната несреќа МВР испитала вкупно 110 лица по што бил откриен сторителот, веќе следниот ден била поднесена кривична пријава до надлежните институции.

Се понатаму е во надлежност на обвинителството и надлежниот суд.

За нас е неприфатлив нискиот и навредлив речник кој го користи СДСМ.

Посебно зошто и сега ја лаже јавноста.

Тоа е одраз на нервоза, желба за власт и ароганција.

Апелираме да не лажат и да не го спуштаат нивото на комуникација“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите ќе добијат практикантство во општините и поддршка за иновации

Горан Наумовски

Милошоски: Филипче барем овој месец да ги стави интересите на државата на прво место

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот не е празен, ниту се загрозени пензионерите

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи, нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја