Шведска потфрли во борбата со Ковид-19, половина од починатите се од домови за стари лица

Од:

Во Шведска речиси половина од починатите од коронавирус се од старските домови, покажуваат податоците од шведската агенција за јавно здравство, кои се доставени до Би-би-си.

Според податоците, во април починале вкупно 10.458 луѓе, така што тоа е најсмртоносниот месец во Шведска од декември 1993 година, кога во епидемија на сезонски грип починале 11.057 луѓе.

Земјата многу брзо се откажа од рестриктивните мерки на карантин, кои се воведени во другите европски држави, базирајќи се на својот пристап во борбата против епидемијата на принцип на одговорност.

Училиштата се отворени за деца помлади од 16 години, заедно со кафулињата, баровите, рестораните и други деловни објекти, а на граѓаните им се советува да ги почитуваат мерките за физичка дистанца.

Шведскиот пристап кон епидемијата беше предмет на критики како во земјата, така и во странство, а бројот на починати од ковид-19 во оваа земја е значително поголем отколку во другите земји кои воведоа рестриктивни мерки.

Во Шведска од почетокот на пандемијата забележани се 30.377 случаи, од кои досега починаа 3.698 луѓе.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица