Во Шпанија задолжително носење маски

Од:

Владата на Шпанија денеска соопшти дека носењето на маски за лице и понатаму ќе биде задолжително.

Одлуката беше донесена по вчерашниот состанок на централната Влада и претставниците на 17 автономни региони на Шпанија.

Како и до сега, маските ќе бидат задолжителни во јавниот превоз, во затворени простории и на улица доколку нема можност за дистанца од два метра.

Наредбата што официјално го пропишува носењето маски ќе стапи на сила за неколку дена.

Шпанија е на трето место по инфицирани лица со Ковид-19, чија бројка се искачи на 278.188, од кои 27.709 починаа, а оздравеа 196.958 луѓе.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата