Учениците не се информирани за нивните права и обврските на работодавачите при вработување

Од:

Најголем дел од младите не би прифатиле работа без договор за вработување и знаат дека за да работат мора да бидат пријавени, но не се информирани за агенциите за привремено вработување и не се запознаени со Законот за работни односи, покажува анкетата на министерствата за труд и социјана политика и за образование и наука.

Во анкетата се опфатени 14.080 ученици од трета и четврта година од средните стручни училишта од цела држава во рамки на проектот „Одбиј работа на црно!“.

Имплементацијата на проектот, како што најавија денеска на прес-конференција, министрите труд и социјана политика и за образование и наука Спиро Ристовски и Панче Кралев ќе продолжи и ќе ги опфати новите генерации од трета и четврта година. Проектот ќе продолжи да се реализира од следната недела до крајот на мај, а преку него младите потенцијални работници ќе се едуцираат како да ги препознаат замките на сивата економија.

– Младите можат да ја препознаат сивата економија. Тие не би работеле на црно, бидејќи според нив тоа е несигурна работа и не е во согласност со законот. Свесни се и дека ако работат на црно нема да ги поседуваат сите права загарантирани со закон, подвлече Ристовски.

Тој смета дека со запознавањето на младите со основните права и обврски од работен однос, условите и начинот за засновање работен однос ќе влијае кај младите при нивното вклучување на пазарот на трудот и превентивно ќе делува да се намали бројот на млади ангажирани во сивата економија.

Министерот Кралев информира дека освен на учениците направени се обуки и кај наставниците и професорите, кои ќе продолжат да ги едуцираат и идните генерации.

– Со обуките им покажуваме на младите дека при вработување во нивен интерес е да бидат уредно пријавени, дека платата не е поважна од пријавувањето, односно во спротивно, најмногу губи работникот, а на негова сметка заштедуваат работодавачите. Преку проектот учениците се запознаваат со опасностите со кои ќе се соочат доколку во иднина некој им понуди работа на црно и ќе знаат кои се нивните права при вработувањето, додаде Кралев.

Најважно од се, според него, е да се охрабрат при вработувањето да побараат од работодавачот да бидат уредно пријавени и да бидат дел од легалната работна сила во земјава. Со тоа ќе добијат право на здравствено и пензиско осигурување, годишен одмор и редовна плата.

Проектот „Одбиј работа на црно!“ го спроведуваат министерствата за труд и социјана политика и за образование и наука Агенцијата за вработување на Република Македонија и Националната федерација на агенции за привремени вработувања. Со него беа опфатени 93 средни училишта од четири региони, Скопје, Битола Штип и Струмица.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците