ВМРО-ДПМНЕ: За три дена 77 заболени и 7 починати, а Заев брза на избори за да ублажи пораз

Од:

„Нов црн ден во Македонија со 25 заболени од корона вирус и 3-ца починати. За три дена во Македонија бележиме црн биланс од 77 заболени и 7 починати лица. Тоа покажува дека здравствените предизвици од корона епидемијата не само што не се надминати, туку се одржуваат на загрижувачко ниво. Заев, Филипче и СДСМ наместо да се справуваат со опасноста по здравјето и животите на граѓаните, како прв приоритет им се брзи избори за да го ублажат поразот.

Недозволиво е кариерата на Заев да биде побитна од животот на макар еден човек. Македонија е рекордер во регионот по смртност на милион жители. Македонија е во врвот по заразени на милион жители“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е земја со најмалку тестирања. Македонија е земја која одвојува најмалку средства за справување со последиците со епидемијата. Овие црни бројки покажуваат дека на Заев не му е битно здравјето на граѓаните, туку како да се спаси од катастрофален пораз. Притоа не бира средства. Во сред епидемија СДСМ прават изборен поткуп, делат концесии за марихуана, прават сомнителни тендери, партиски вработуваат набавуваат шампањи, шкампи, лигњи и слично. Затоа се појави буџетска дупка од 200 милиони евра уште пред да почне епидемијата.

Поважно им е да одвојуваат повеќе средства за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски