Истражувањето спроведено врз лица од постара возраст покажува дека „менталното вежбање“ е поврзано со помал ризик за слабеење на когнитивните способности.
Податоците собрани за потребите на 32 претходни студии сугерира дека дури и решавањето крстозборки има позитивно влијание врз помнењето и останатите когнитивни способности на постари лица, пишува „Canadian Medical Association Journal“.
Научниците од Универзитетот Торонто додаваат дека потешкотиите со когнитивните способности кои претходат на деменцијата се присутни кај 10-25 отсто лица постари од 70 години.
Во истражувањето не се пронајдени докази дека телесната активност и земањето разни суплементи можат позитивно да делуваат на когнитивните способности на лица на постара возраст.
Се покажало и дека хормонот естроген е поврзан со поголем ризик за когнитивен пад и деменција.