ЕК со осуда за отсуството на политички дијалог во Албанија за уривањето на театарот

Од:

Европската Комисија (ЕК) жали што демолирањето на националниот театар се случи без дијалог со граѓанското општество и повикува на воздржаност од сите страни, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Точно е дека демолирањето на Националниот Театар се случи во миг кога побаравме дијалог помеѓу властите и граѓанското општество пред да стане неповратна одлуката, жалиме што повикот не го следеа националните и локалните власти и со длабока загриженост ги пратиме настаните на терен, посебно во однос на употребата на сила, таа секогаш мора да биде пропорционална на условите, и ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност, изјави Ана Писонеро, портпаролката на ЕК за проширувањето, одговарајќи на новинарско прашање за одлуката да се урне албанскиот национален театар во Тирана во текот на викендот.

Демолирањето на театар предизвика гнев кај голем дел од граѓанското општество, а одлуката е донесена во услови на вонредна состојба.

Писонеро потсети дека секоја одлука за вонредна мерка мора да ги почитува принципите на правната држава и да биде ограничена на „она што е потребно“.

-Ставаме на знаење дека слободата на изразување е темелна вредност на демократското општество, додаде Писонеро.

Европската Комисија идниот месец треба да ги објави преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија. Оваа рамка согласно новата ревидирана методологија за преговори е посебно фокусирана на поглавјата посветени на владеењето на правото и демократските принципи.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски