Парични казни за непочитување на полицискиот час за 35 струмичани

Од:

Основното јавно обвинителство – Струмица во текот на денешниот ден, постапувајќи по кривичните пријави до Основниот суд – Струмица поднесе 30 предлози за издавање на казнени налози со кои се опфатени 35 лица.
Како што соопшти Јавното обвинителство, лицата во периодот од 5.04. до 21.04.2020 година не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час и се движеле надвор од своите домови. Со своите дејствија сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво по член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството му предложи на судот да ги огласи за виновни и да им изрече парична казна од 50 дневни глоби при што висината на дневната глоба да изнесува 10 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска