Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека е му привлекло внимание како кинеската Влада се заканила дека ќе се меша во работата на американските новинари во Хонг Конг, објави Стејт департментот.
„Тие новинари се членови на слободни медиуми, а не пропагандни кадри, а нивното вредно известување ги информира кинеските граѓани и светот“, нагласи Помпео во соопштение.
Според него, секоја одлука наметната врз автономијата на Хонг Конг и слободите загарантирани со заедничката кинеско-британска декларација, може да влијае на американската позиција за принципот „една земја, два система“ и статусот на територијата.