Вечерва наместо финале на „Песна на Евровизија“, првпат од Ротердам оди директно специјално музичко издание во кое учествуваат овогодишните кандидати и победници на претходните изданија на Евросонг.
Специјалното телевизиско шоу нема натпреварувачки карактер, но им оддава значајно признание на сите песни и учесници од 41 земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната Евровизија.
Веќе селектираните песни се емитувани во фрагменти од 30 секунди, учесниците се претставени низ кратки видео разгледници, а упатувуваат и пораки до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.
Арената каде што требаше да се одржува годинешниот „Евросонг“ годинава, поради пандемијата од коронавирусот, остана празна.
Од тие причини, обединети од различни локации низ Европа годинашните изведувачи ќе прозвучат низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: „Love shine a light“, победничка песна на Евровизија во 1997 година.
Македонија ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.