(ВИДЕО) Стојаноска: Дончев нелегално се стекнал со над 3 милиони денари,ЈО година дена молчи и не отвора истрага

Од:

„ЈО на Русковска се однесува како да е во директна спрега со Ден Дончев, кој нелегално се стекнал со сума од над 3 милиони денари.

ЈО чека медиумите првин да обелоденат, па да покрене истрага за предмети за кои има информации и докази.

Зошто и кој го штити Дончев!? ЈО вчера потврди дека се води истрага за Дончев кој лани, пред речиси една година се стекнал со незаконски приходи од над 3 милиони денари, т.е. над 50 илјади евра.

Што чекаше ЈО една година и зошто не отвораше истрага против Дончев!?“, прашува Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ден Дончев лани во тек на шест месечен период примил над 50 илјади евра од страна на муртинската фирма Ремаркет, за консултантски услуги кои ги давал истовремено додека бил директор на ФЗОМ, што е спротивно на закон.

Дончев директно го прекршил чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и земал пари од дејност која не смеел да ја извршува во исто време додека директорувал со ФЗОМ.

ЈО со своето не реагирање го штити Ден Дончев – главниот играч на Заев. Нејасно е зошто ЈО чекало да помине цела година да отвори истрага а со тоа и да дојде до потенцијално перење на пари е нејасно за да отвори истрага.

Дополнително ЈО треба да одговори зошто го толерира Дончев за низа други сомнителни дејанија, за кои како што пишуваат медиумите имаат докази, а сепак истрага нема ни на повидок!?

ЈО треба во најбрз можен рок да реагира и да отвори постапка како за незаконските приходи на Дончев, така и за другите криминали во кои е замешан, во спротивност ЈО и Русковска се ставаат во улога на директни помагачи на Дончев.

Криминогениот Дончев незаконските приходи кои му легнале на сметка не ги пријавил ниту во неговиот анкетен лист кој како функционер има обврска да го достави и во него да прикаже вистинити податоци, објавија вчера токму од ДКСК.

Дончев со своето дејствување направил низа незаконски дејствија. Дончев треба да се соочи со кривична одговорност веднаш, доколку тоа не се случи одговорност ќе има со воспоставувањето на правната држава.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски