Распаднат човечки леш пронајден кај горна Матка

Од:

Распаднат човечки леш бил пронајден вчера во близина на горна Матка, на патот кој води кон Козјак. Лешот бил забележан вчера од страна на полициски службеници, а утрово на терен бил повикан и јавен обвинител, кој ќе треба да спроведе истрага.

Лешот бил закопан во дупка и од него, се гледал само горниот дел, односно черепот. Идентификација ќе прават МВР и Обвинителството, за да се открие чиј е закопаниот леш.

„Вчера околу 19.00 часот, полициски службеници при вршење обиколка во Горна Матка, во близина на карпите, пронашле човечки труп во фаза на распаѓање. На местото на настанот се врши увид од увидна екипа од СВР Скопје“, информираа од МВР за „А1он“.

Од утрово, на теренот каде е пронајден лешот, екипи на МВР откопуваат за да го извадат и проверат дали на местото има и други закопани тела.

Би можело да ве интересира

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки