Вулин: Пендаровски нека молчи на јазикот кој никој не му го признава освен Србија

Од:

Како Србија ќе ги реши проблемите на Косово и Метохија, ќе одлучи Србија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша ниту некој ќе бара негово мислење, кажа српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, објави РТС.

Тој, како што објави РТС, реагира на изјавата на претседателот Стево Пендаровски за приштинскиот медиум „Газета експрес“ дека се противи на идејата за корекција на границата меѓу Белград и Приштина.

Вулин рекол дека Пендаровски во Македонија ретко кој го прашува за што било, а уште помалку е важно што мисли за прашањата во соседните држави.

„Претседателот на Северна Македонија може слободно да молчи на јазикот кој никој освен Србија не му го признава, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара мислење од него ниту му го прифаќа мислењето“, рекол Вулин.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ