Македонец уапсен во Виена, се сомничи дека бил водач на нарко-клан

Од:

Македонскиот државјанин Б.Ј е уапсен во Австрија под сомение дека бил водач на нарко група. Македонското министерство за внатрешни во соработка со австриската полиција го уапсиле 31 годишниот Македонец и уште девет негови соработници за кои се сомничи дека биле вмешани во шверцот со дрога.

МВР соопшти дека поднесени се кривични пријави против 112 лица за кои се сомневаат дека од март лани до март годинава растурила поголеми количества марихуана во главниот град на Австрија.

Полицијата извршила претрес на повеќе објекти во Виена каде биле откриени и запленети над 2 килограми марихуана како и 22.500 евра заработени од продажба на дрогата. Запленетата марихуана имала надпросечен квалитет, со содржина на активната состојка на канабисот ТХЦ од 16,7 отсто.

Македонецот Б.Ј., кој и претходно бил осудуван во Австрија за шверц на дрога, а од неодамна имал и забрана за престој во таа држава, во Виена пренел над 26 килограми марихуна. Според МВР тој дрогата ја набавувал, пакувал и ја чувал во различни станови во Виена, а за уличната продажба ангажирал повеќе дилери, скоро сите Македонци.

Би можело да ве интересира

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он