ВМРО-ДПМНЕ: Македонија прво ќе ја победи короната, а потоа ќе ги победи Заев и Филипче

Од:

„Власта исклучително лошо ја менаџира епидемијата со корона вирусот. Венко Филипче наместо со здравјето на граѓаните се занимава со диктатите на Зоран Заев, на кој му се брза да го ублажи претстојниот пораз.

Наместо епидемијата да спласнува, како во повеќето земји од регионот, таа во Македонија се шири. Евидентирани се 17 новозаболени и двајца починати за 24 часа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително, евидентен е хаосот, па така починати лица од корона вирус се кријат, па под притисок на јавноста се објавуваат после ден или два.

Граѓаните кои се тестираат од корона вирус чекаат со денови за резултати, а често се случува нивните резултати да се изгубат, па повторно да се тестираат.

Македонија поради неспособноста на власта и партиските калкулации на Заев и Филипче е земја која најмалку тестира граѓани во регионот, а е рекордер по смртност на милион жители, повеќе од Албанија, Бугарија и Грција заедно.

Конфузијата на власта се плаќа со човечки животи. Колкава е конфузијата говори и фактот што заради лошите показатели од епидемиолошките анализи се бара продолжување на вонредната состојба, а од друга страна се инсистира на брзи избори на кој во матно би се намалил поразот по цена на здравјето.

Животот на граѓаните е поважен од политичката кариера на Заев и на Филипче. Прво Македонија ќе ја победи короната, а потоа ќе ги победи на избори Заев и Филипче“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски