Од понеделник јавниот превоз во Скопје од 5 до 19 часот

Од:

Од понеделник, 18 мај, се укинува двосменскиот режим на сообраќај во јавниот превоз и автобусите ќе сообраќаат непрекинато од 5 до 19 часот.

Автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници ќе продолжат да сообраќаат по саботен возен ред кој е објавен на веб-страницата на претпријатието. Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

ЈСП Скопје потсетува дека и натаму не важат бесплатните средношколски и студентски билети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 години и мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела.

Од понеделник ќе почнат да работат и сите билетарници на ЈСП Скопје и центри за персонализација. Од 6 до 17 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит-пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе бидат отворени билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара. Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).

Услугите може да се купат и на сто локации (трафики, маркети) кои се дел од продажната секундарна мрежа на ЈСП Скопје.

И натаму се укинати трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а нема да работи и жичарницата.

ЈСП Скопје апелира рационално да се користи јавниот превоз и задолжително да се носи заштитна опрема при користење на превозот согласно со уредбите за заштита од КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нормализиран автобускиот сообраќај во Скопје, нафтата се испорачува сукцесивно

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Град Скопје: Со часови се чека автобус за училиште и работа поради суетата на Мицкоски

Горан Наумовски