Поради големото количество нитрати кои го намалуваат крвниот притисок лекарите го препорачуваат цвеклото, а во новото истражување е потврдено дека секојдневното конзумирање на сок од овој зеленчук може значително да им помогне на оние кои страдаат од хипертензија.
Во истражувањето кое е спроведено врз 15 пациенти е докажано дека 250 милиграми сок од цвекло можат да го намалат крвниот притисок за 10 милиметри на живиниот столб, помагајќи тој да се врати во нормала.
Интересно е што првите симболични ефекти се забележани по шест часа, а целосно позитивно дејство имало еден ден подоцна.
За нитратот е познато дека влијае на крвните садови со тоа што ги шири и на тој начин овозможува поголем проток на крв, па многумина кои боледуваат од ангина пекторис го користат како средство за намалување на симптомите на болеста.
Меѓутоа, лекарите предупредуваат и на некои невообичаени последици кои можат да се појават со конзумирање на големи количества од овој сок, бидејќи урината може да биде со црвена боја.