Соработката помеѓу Република Македонија и Кралството Шпанија е одлична, посочи министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери на денешната средба со амбасадорот на Кралството
Шпанија, Фернандо де Галаинена.
Во однос на досегашната, како и перспективите на идната билатералната соработка од областа на одбраната, соопшти денеска МО, министерот Џафери се заблагодари за доставените покани за јазични школувања на припадници на АРМ во воените едукативни центри.
Тој посочил дека Република Македонија како свој придонес во соработката може да ги понуди капацитетите на АП „Криволак“, Регионалниот тренинг-центар за комуникации, потоа соработка и размена на искуства помеѓу Воените академии , размена на професори и учество на летните школи, како и размена на искуства во справувањето со елементарни непогоди, поточно соработка
со помеѓу ЦУК и ДЗС на двете држави. Џафери ја нагласил и можноста за воспоставување соработка со шпанската фирма од областа на комуникациите „ИМРА“ која соработува со регионалниот проект „БРААД“ каде учество зема и Република Македонија.
Тој упати огромна благодарност до Амбасадата на Шпанија за давањето поддршка во доменот на човековите права во Република Македонија, поточно за доделената награда од Кралот на Шпанија „Енцомиенда дел мерита Цивил“ на Народниот правобранител на Република Македонија, Иџет Мемети.