ЕУ сака до 2030 година двојно да ја намали употребата на пестициди

Од:

Европската комисија планира двојно да ја намали употребата на хемиски пестициди до 2030 година, за да се запре падот на запрашувачите, што е план што најверојатно ќе предизвика критики од оние кои бараат целосно исфрлање на хемиските материи, но и од земјоделците кои тврдат дека ќе дојде до пропаѓање на земјоделските култури.

ЕК сака да ја задолжи ЕУ да ја преполови употребата на хемиски и „високоризични“ пестициди до 2030 година, се наведува во нацрт-документот, што треба да биде објавен на 20 мај, а до кој дојдоа британските медиуми. Во него, сепак, не е објаснето што значи висок ризик и како ќе се спроведе намалувањето.

Комисијата одби да коментира необјавени работни документи и кои се предмет на измени се до моментот на усвојување.

Планот на Комисијата да го направи земјоделството поодржливо, што исто така треба да се донесе на 20 мај, може да го објасни овој документ подетално.

Пчеларите во Западна Европа јавуваат за пад на бројот на пчели и загуби во пчелните колонии во текот на изминатите 15 години, објави Европската Агенција за безбедност на храната. Таа предупредува дека овој тренд се заканува на 76 проценти од производството на храна во Европа, што зависи од запрашувањето.

Уште во 2018 година, европските регулатори забранија употреба на неониотиноидни инсектициди на отворено, што значи дека може да се користат само во оранжерии.

Европските законодавци веќе повикаа на обврзувачки цели за намалување на употребата на пестициди во Унијата. Организацијата за органска храна и култивирање, исто така, се залага за поамбициозни цели од нацрт-предлогот, односно 80-отстотно намалување на синтетичките пестициди до 2030 година и целосно укинување до 2035 година.

Со нацрт-предлогот, исто така, се предвидува во ЕУ до 2030 година да се засадат три милијарди дрва, за да се помогне во апсорпцијата на јаглерод диоксид од атмосферата и да се направат градови позелени.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани