Еден кумановец не ја почитувал забраната за движење во изминатото деноноќие, на 22 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 потпишале изјави за самоизолација, информираа денеска од СВР Куманово.
Полициската станица од општа надлежност за периодот 14/15 мај евидентирала само едно лице кое не ја почитувало забраната за движење и според полицијата, лицето е лишено од слобода.
– Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 22 лица им се издадени решенија за изолација, при што во момент 80 лица се во изолација додека 16 лица потпишале изјави за самоизолација, при што во момент 49 лица се во самоизолација, наведуваат во соопштението на СВР Куманово.