Италијанскиот остров Џилио бара 80 милиони евра отштета од капетанот на „Коста Конкордија“

Од:

Локалните власти на италијанскиот остров Џилио поднесоа приватна тужба против капетанот на луксузниот брод „Коста Конкордија“ со барање за отштета од 80 милиони евра.

Капетанот на бродот Франческо Скетино е обвинет од италијанското Јавно обвинителство за ненамерно убиство на повеќе десетици лица и за предвремено напуштање на командното место. Неговото судење почна вчера во местото Гросето во провинцијата Тоскана.

Сепак, властите од островот покренаа своја граѓанска парница, обвинувајќи го капетанот-страшливец за „непоправливо оштетување на идентитетот“ на островот, за „нанесување штети на локалната туристичка индустрија“, како и за „уништување на имиџот на Џилио“.

Во поморската несреќа од јануари 2011 година загинаа 32 лица, а стотина други беа полесно и посериозно повредени. Несреќата се случи откако капетанот на „Коста Конкордија“ го одвел големиот брод во плитките крајбрежни води околу островот, налетувајки на острите подводни карпи.

Големиот брод со 4.200 патници и членови на екипажот се насука на карпите и се преврте на едната страна, без да потоне.

Островјаните се гневни на капетанот Скетино тврдејки дека „засекогаш им го уништил островот“, затоа што местото сега е познато „само по катастрофата, по превртениот брод и по еден капетан-страшливец кој побегна од капетанското место пред да бида евакуираат сите лица од бродот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага

Поплави во Италија: Тројца млади исчезнаа во водата

Предраг Петровиќ

„Јас сум таа ку*ка Мелони, како сте“?

Предраг Петровиќ