Ја убил сопругата, па му пратил смс на шефот „Завршив со неа“

Од:

32 годишна жена утрово е пронајдена мртва во тоалет на термоелектраната „Никола Тесла“ во Србија. Како што известуваат српските медиуми, полицијата го сомничи сопругот на жената дека го извршил убиството. Тој е упасен во 14 часот кај местото Забрежје.

На телото на убиената Т.Т. биле видливи повреди, најверојатно нанесени со нож.

Агенцијата Танјуг, пишува дека осомничениот А.Т. на возраст од 34 години, по убиството му пратил порака на својот шеф во која пишувало: „Завршив со неа“. Убиството се случило најверојатно по голема расправија помеѓу сопружниците.

Српските новинари известуваат дека убиството најверојатно се случило во тоалетот во мензата, која се наоѓа во рамки на термоелектраната.

И двајцата сопружници биле вработени во термоелектраната. Таа работела во мензата, а нејзиниот сопруг како возач на камион.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он