Предлог за притвор за жител на Арачиново, незаконски држел оружје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, соопштија од скопското Обвинителство.

– Осомничениот 21-годишник, во својот дом во Арачиново, неовластено држел оружје и муниција – еден пиштол марка GLOK 19 со калибар 9 милиметри Para, со 3 рамки со 63 куршуми, како и една автоматска пушка Mpi-KM со калибар 7,62Х39 со една рамка со 29 куршуми од тој калибар, инфомираат од Обвинителство.

Од Обвинителство додаваат дека лицето го поседувало пиштолот без дозвола, додека автоматската пушка е оружје кое со закон им е забрането на граѓаните. Оружјето и муницијата биле пронајдени при претрес во домот на осомничениот во текот на денешниот ден.

Со оглед на тоа што во предметот постојат околности кои укажуваат на тоа дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски