(ВИДЕО) Костовски: Вработените во Институт за јавно здравје, два месеци немаат земено плата, а владата набавува морска риба и скап алкохол

Од:

„Додека Владата и Спасовски трошат на ангро, распишуваат милионски тендери и делат бизниси во четири очи стотина медицински лица вработени во Институтот за јавно здравје два месеци немаат земено плата.

Владата и Спасовски наместо да се грижат за лекарите и пациентите ги оставаат луѓето кои се во првите борбени редови без основни средства за егзистенција.

Вработените во Институтот за јавно здравје, кои се дел од целиот процес на тестирање од коронавирус и секојдневно се во служба на граѓаните во екот на најголемата здравствена криза во државата немаат ни за леб“, рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За стотина медицински лица вработени во Институтот за јавно здравје нема ниту плата ниту здравствено и пензиско осигурување за месеците март и април.

Стотина вработени во Институтот за јавно здравје немаат здравствено осигурување во ек на корона.

СДСМ е неодговорна. Владата и Спасовски имаат пари за морска риба, октоподи, шкампи и бранцин, за скап алкохол и за половина милион шолји кафе и апетисани за функционерите, но немаат за вработените медицински лица во Институтот за јавно здравје.

Владата на СДСМ има пари за нови огласи за полнење на јавната администрација со партиски кадар, но нема за плати на луѓето кои го жртвуваат својот живот за да спасат живот на илјадници наши сограѓани.

Владата на Спасовски ќе овозможат непречено патување и шетање на функционерите во странство кои ќе можат да трошат народни пари, но не да даваат за плати за лекарите, медицинските сестри и болничарите од Институтот за јавно здравје.

Криминалната влада на Заев водена од Спасовски има пари за се. Само за лекарите не. Приоритет на оваа влада не се граѓаните, туку функционерите. Тоа наскоро ќе биде минато“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски