ВМРО-ДПМНЕ: Починатите и заболените не се само бројки, Заев по цена на животите на граѓаните сака да го намали поразот

Од:

„Кои се луѓето кои вчера ги загубија животите во борба со корона вирусот? Чии родители, браќа, сестри, пријатели соседи се трите лица починати од Ковид-19? Како нивните семејства ја примаат оваа загуба?

Овие прашања не може да засегаат само човек што нема никакви морални принципи. Само не луѓе со сомнителен карактер ваквите трагедии не им значат ништо.

Додека Зоран Заев се однесува хазардерски со здравјето на граѓаните, состојбата со епидемијата од корона вирус и понатаму одзема животи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Заев планира како да си го ублажи претстојниот пораз, калкурирајќи со датуми, граѓани заболуваат.

Вчера во Македонија имаше тројца нови починати и 20 нови заразени случаи од корона вирус.

Македонија е една од земјите во регионот која најмалку ги тестира своите граѓани, па со право стравува јавноста дека бројот на заразените е далеку повисок.

Во Македонија досега се дијагностицирани 1694 лица, а 95 се веќе починати. Тоа прави Македонија да биде рекордер во регионот по смртни случаи од корона вирус на милион жители. За жал имаме најголем морталитет во регионот, поголем од Грција, Бугарија и Албанија заедно.

Тоа е резултат на исклучително лошиот менаџмент со здравствената криза во државата.

ВМРО-ДПМНЕ, експертите и јавноста апелира веќе подолго време да се изврши масовен скрининг, затоа што така ќе имаме реална епидемиолошка слика врз основа на која ќе се донесат соодветни одлуки и соодветна стратегија за борба против заболувањето. Владата со нетестирањето не само што го доведува во заблуда населението, туку го доведува во заблуда и здравството, здравствените работници и здравствениот систем.

Зоран Заев и Филипче треба да престанат со теснопартиските калкулации и целата своја енергија да ја насочат кон борба со епидемијата од корона вирус која коси во Македонија. Изборите и изборниот пораз нема да им побегнат“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски