Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге предвидува дека „милијарди“ луѓе ќе ги гледаат натпреварите од Бундеслигата на телевизија кога шампионатот ќе биде продолжен овој викенд.
Германскиот шампионат е првиот што ќе продолжи за време на пандемијата КОВИД-19, поради која запре скоро секој спорт во светот од средината на март.
– Бундеслигата е првиот голем шампионат што продолжува. На овој начин, Бундеслигата ќе биде единственото фудбалско првенство на телевизија во светот и претпоставувам дека ќе имаме публика од милијарди луѓе. Тоа ќе биде реклама не само за нашиот фудбал, туку и за целата земја, особено за германските политичари, кои го направија тоа можно со нивниот многу добар пристап, рече Румениге.
Сезоната во Првата и Втората Бундеслига ќе биде обновена овој викенд, а во првото коло од рестартирањето на првенството љубителите на фудбалот ќе бидат сведоци на одлично дерби – Борусија Дортмунд против Шалке 04 в сабота од 15:30 часот по македонско време.