Стотици вооружени полицајци се распоредени околу главните туристички атракции во Париз, поради притокот на криминални групи од Источна Европа, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.
Мерката следи по соопштенијата за зголемен број на питачи и џепчии во Париз од Романија и Бугарија. Наскоро граѓаните на овие две држави ќе имаат неограничен пристап во Велика Британија, посочува „Дејли мејл“.
Во Лувр веќе има 20 постојано распоредени униформирани полицајци, кои патролираат по галериите. Петмина од нив се поставени на влезот.
Вакви патроли има околу катедралата Нотр Дам, црквата Сакр кер, Ајфеловата кула, центарот Помпиду и дури во Версајскиот дворец, западно од Париз.
Ромски џепчии, од кои многу деца, кои се движат по групи, веќе можат да се видат од цел Париз.
Пред две години францускиот министер за внатрешни работи Клод Геан изјави дека голем број од уличните грабежи во Париз се извршуваат од ромски имигранти од Романија и Бугарија.